1.4 C
Ohrid
Saturday, January 28, 2023

Пјонгјанг затворен пет дена поради неодредено респираторно заболување

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Властите во главниот град на Северна Кореја Пјонгјанг наредија петдневен карантин поради зголемување на случаите на неодредено респираторно заболување, објави јужнокорејскиот медиум NK News, цитирајќи владино соопштение.

Во соопштението на севернокорејската влада не се споменува Ковид-19, но се вели дека жителите на главниот град се замолени да останат во своите домови до крајот на неделата и мора да достават податоци за температурата на телото неколку пати на ден, според NK News, кој ја надгледува Северна Кореја..

NK News вчера објави дека жителите на Пјонгјанг складираат потребните работи во очекување на построги мерки. Не е познато дали другите области во земјата воведоа нови заклучувања.

Северна Кореја го објави својот прв случај на Ковид минатата година, но до август веќе прогласи победа над вирусот.

Тајната земја никогаш не објави колку луѓе всушност се заразиле со вирусот, очигледно затоа што нема средства за масовно тестирање, според Ројтерс.

Наместо тоа, го објави дневниот број на случаи на заболени од треска, кој се искачи на 4,77 милиони во земјата со околу 25 милиони луѓе. Но, од 29 јули таа не најави ниту еден таков случај.

Државните медиуми продолжија да известуваат за мерките против пандемијата за борба против респираторните заболувања, вклучително и грипот, но досега не ја објавија наредбата за заклучување.

Државната новинска агенција КЦНА вчера соопшти дека градот Каесонг, недалеку од границата со Јужна Кореја, ја интензивирал јавната кампања „за сите вработени доброволно да се придржуваат кон антиепидемиските прописи на работа и во секојдневниот живот“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Почина наградуваниот босански актер Саша Петровиќ, глумеше во „Луд, збунет, нормален“, „Аудиција“, „Ничија земја“…

Актерот Александар Саша Петровиќ почина на 62-годишна возраст, а режисерот Срѓан Вулетиќ ја соопшти тажната вест.На 62-годишна возраст почина актерот Александар Саша Петровиќ од...

Околу 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите

Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина...

Ковачевски упати честитки за празникот Свети Сава

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски вечерва имаше обраќање на свечената академија, која се одржа по повод одбележувањето на Св. Сава...
spot_img
spot_img
spot_img