27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Пуштена во употреба и третата хидроелектрана

НАЈЧИТАНО

Хидроелектраната „Накра“ во Грузија, трета по ред од проектот на „Фероинвест“ за овој пазар, започна со производство на електрична енергија. ХЕ „Накра“ е со инсталирана моќност од 11,7 MW со предвидено годишно производство од 45 GWh електрична енергија.

Заедно со претходните два проекти, ХЕ „Ипари“ и ХЕ „Келра“, пуштена е во работа опрема со инсталирана моќност од 20MW со предвидено годишно производство на електрична енергија од 82 GWh.

– За секоја од овие хидроелектрани „Фероинвест“, како водечка компанија од областа на индустријата за обновлива енергија, изработи основни проекти за изградба вклучувајќи повеќе фази како што се архитектура, градежништво, машинство и електрика. „Фероинвест“ ја проектираше и изработи електро-машинската опрема вклучувајќи турбини, генератори, трансформатори, среднонапонски ќелии, нисконапонски ормари – изјави проект менаџерот Филип Андрески, раководител на секторот Развој.

Освен проектирањето и изработката, „Фероинвест“ беше задолжен и за транспорт и монтажа на електро-машинската опрема, испитување на истата, пуштање во работа и изработка на SCADA систем за мониторинг на сите три хидроелектрани.

– Знаењето, мотивираноста и посветеноста на тимот составен од инженери и техничари, како од областа на машинството и електриката така и од архитектура и градежништво, направија овој проект и покрај големите предизвици, успешно и навремено да биде завршен. По успешното пуштање во работа, „Фероинвест“ врши мониторинг на електраните во текот на гарантниот рок. Целиот SCADA систем за мониторинг на енергетски објекти е дело на младите и амбициозни инженери вработени во Групацијата „Фероинвест“. Во SCADA центарот се врши мониторинг и управување на голем број енергетски објекти во нашата држава, но и во странство. Покрај хидроелектраните, се врши мониторинг и на фотоволтаични и биогасни електрани – истакна Андрески.

Изградбата на трите хидроелектрани во Грузија е проект финансиран од Европска банка за обнова и развој, што е уште една потврда за квалитетот и стручноста на групацијата „Фероинвест“ во проектирање и изведба на енергетски капацитети.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО