9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Пушилин очекува ДНР да добие своја трговска флота

НАЈЧИТАНО

Дел од цивилните бродови од украинското пристаниште во Мариупол, што е под контрола на руските сили, ќе бидат преземени од трговската флота на сепаратистичката Доњецка Народна Република (ДНР). Претседателот на самопрогласената ДНР, Денис Пушилин истакна дека бродовите треба да се преименуваат и ДНР да добие сопствена трговска флота.

– Денеска 2.500 тони топло валани лимови го напуштија пристаништето Мариупол, бродот исплови кон (рускиот град) Ростов на Дон – напиша Пушилин на Телеграм.

Тоа е прв брод, откако руските сили го зазедоа украинскиот град Мариупол, што исплови од пристаништето.

Според украинските власти Русија го украла металот од Украина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО