15.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

Путин потпиша закон

НАЈЧИТАНО

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за суспензија на поедноставеното издавање визи за граѓаните на повеќето европски земји.

Законот предвидува суспензија на визното олеснување за неколку категории граѓани на ЕУ, Данска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, вклучително и новинари и официјални делегаци.

Со Законот се воведува визен режим за носители на дипломатски пасоши, а се укинуваат и визните привилегии за членовите на официјалните делегации, националните и регионалните влади и парламенти, уставните и врховните судови, како и за новинари.

Москва претходно ја најави оваа мерка како одговор на дејствијата на, како што се наведува, „непријателските земји“. Русија ги означува како непријателски државите кои и воведоа санкции поради нејзината воена интервенција во Украина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО