2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Путин опкружен со луѓе кои викаат „Да, да, да…“

НАЈЧИТАНО

Рускиот претседател Владимир Путин е доведен во заблуда од советниците кои се премногу исплашени да му кажат колку лошо оди војната во Украина и колку се штетни западните санкции, соопштија вчера Белата куќа и некои европски претставници, јавува Ројтерс.

– Имаме информации дека Путин се чувствувал заведен од руската војска, што резултирало со постојана тензија меѓу Путин и неговото воено раководство – изјави за новинарите Кејт Бедингфилд, директорка за комуникации во Белата куќа за време на брифингот со новинарите.

– Ние веруваме дека Путин е погрешно информиран од неговите советници за тоа колку лошо функционира руската војска и дека руската економија е осакатена од санкциите бидејќи неговите високи советници премногу се плашат да му ја кажат вистината – рече таа.

Колку Руси загинаа, 17.500 или само 1.351?

Дека некој е погрешно информиран, Русите или Украинците, зборуваат новите бројките на украинските власти во однос на починатите Руси, кои се петнаесеткратно поголеми од бројките кои ги пласира Москва.

Според најновиот извештај на украинските власти, досега во војната загинале 17.500 руски војници, а уништени се 1.735 оклопни возила, 131 хеликоптер, 614 тенкови и 135 авиони. Слично на тоа, НАТО минатата недела процени дека до 15.000 руски војници загинале откако Москва ја почна окупацијата на 24 февруари.

Но, од своја страна, Русија минатата недела тврдеше дека во Украина загинале само 1.351 руски војник.

Луѓето што само викаат „да“

На американските разузнавачки информации дека „Путин го лажат“ одговор од Кремљ уште не стигна. И руската амбасада во Вашингтон почека со изјавите. Тоа што САД решија јавно да ги споделат овие информации може да му ги замрси конците на Путин, сметаат американските фунцкионери.

– Ова(објавувањето на информации) е потенцијално корисно – вели еден од нив.

И Европа смета дека Путин е во заблуда, а дека никој не му кажува.

– Путин мислеше дека работите одат подобро отколку што реално врвеа. Тоа е проблемот со опкружувањето со луѓе кои само викаат „да“ или тоа што со нив состанчите на крајот на една многу долга маса – рече висок дипломат на ЕУ.

Русите биле излажани дека ќе учествуваат во воени вежби?

Според информациите, на руските регрути им било кажано дека  учествуваат во воени вежби, но морале да потпишат документ пред окупацијата со кој се продолжуваат нивните должности, изјавија двајца европски дипломати.

– Тие беа доведени во заблуда, лошо обучени, а потоа пристигнаа (во Украина) за да најдат стари Украинки кои изгледаа како нивните баби кои им викаат да си одат дома – додаде еден од дипломатите.

Во моментов нема индикации дека ситуацијата може да поттикне бунт меѓу руската војска, но ситуацијата е „непредвидлива“ и западните сили „се надеваат дека несреќните луѓе ќе проговорат“, вели високиот европски дипломат.

Нова стратегија за спасување на стариот образ

Воените аналитичари тврдат дека Русија ги сменила и реобмислила својата стратегија и своите воени цели во Украина на начин што може да му олесни на Путин да извојува победа за да си го спаси образот и покрај лошата војна во која неговата армија претрпе понижувачки неуспеси.

Руските сили ги бомбардираа предградијата на главниот град Киев и опколениот град Чернихов во северна Украина во средата, еден ден откако Русија вети дека ќе ги намали воените операции во двата града. Овој потег Западот го отфрли како трик за регрупирање на напаѓачите кои веќе претрпеле големи загуби.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО