18.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Путин им се обрати на Русите и на Украинците

НАЈЧИТАНО

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека „како и во 1945 година, победата ќе биде наша“, споредувајќи ги настаните од Втората светска војна и конфликтот во Украина, во пораката испратена во пресрет на Денот на победата над фашизмот.

– Денес нашите војници, како и нивните предци, се борат рамо до рамо за да ја ослободат својата татковина од нацистичката нечистотија, убедени дека, како и во 1945 година, победата ќе биде наша – истакна Путин во денешната порака до жителите на поранешниот советски блок, како и оние од сепаратистичките региони на источна Украина.

– Наша заедничка должност е денес да го спречиме заживувањето на нацизмот, кој предизвика толку многу страдања на народите од различни земји – додаде рускиот претседател, изразувајќи желба „новите генерации да бидат достојни за споменот на нивните татковци и дедовци“.

Заедно со војниците, Путин ги спомена и цивилите кои делуваа одвнатре, „и тие го скршија нацизмот“ и покрај безбројните жртви.

– За жал, нацизмот повторно се издигнува денес. Наша света должност е да ги спречиме идеолошките наследници на поразените да се одмаздат во Големата патриотска војна – нагласи Путин во дел од говорот упатен до Украинците.

Тој на сите луѓе во Украина им посака „мирна и праведна иднина“.

Москва утре со голема воена парада ќе ја одбележи победата над нацистичка Германија. Руското оправдување за инвазијата врз Украина на 24 февруари се оправдува со желбата за „демилитаризација“ и „денацификација“ на Украина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО