2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Путин дал нареда за напад на Украина,експлозии се слушаат и во Киев!

НАЈЧИТАНО

Рускиот претседател Владимир Путин среде ноќ во вонредно телевизиско обраќање објави дека Русија започнува воена операција во Украина. Путин го најави нападот на Украина додека трае вонредната седница на Советот за безбедност на ОН. 5:30 Експлозии се слушнаа во седум украински градови

Според CNN, експлозии се слушнале во седум украински градови: Киев, Харков, Краматорск, Днипро, Мариупол, Одеса и Запорожје.

5:15 „Инвазијата започна“

Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко објави: „Руската инвазија на Украина започна. Проектили го погодија Киев. „Има пукотници на границата, а нападнати се нашите воени бази и воени аеродроми“, јавува Си-Ен-Ен.

5:05 Се јави Бајден

Почетокот на руската инвазија на Украина го најави американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека нападот врз Украина е неоправдан и неиспровоциран. Претседателот Путин се одлучи за избрзана војна која ќе има катастрофални последици по човечките животи и страдања. Русија е единствената одговорна за смртта и уништувањето што ќе ги донесе овој напад, а Америка и нашите сојузници ќе одговорат решително и заеднички. Светот ќе ја смета Русија одговорна“, рече Бајден.

4:45 Експлозии се слушаат и во Киев

Новинарите на Си-Ен-Ен ги потврдуваат експлозиите во Харков и Киев.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО