25.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Путин го прифати повикот на Зеленски

НАЈЧИТАНО

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да испрати делегација во белорускиот главен град Минск на преговори со Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе ДПА.

– Како одговор на предлогот на Зеленски, претседателот Путин е подготвен да испрати делегација на ниво на претставници на министерствата за одбрана и надворешни работи и на претседателската администрација во Минск за преговори со украинската делегација – рече Песков.

Украина претходно најави дека е подготвена за преговори, а Песков изјави дека демилитаризацијата е основен дел од условите за преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски директно го повика рускиот претседател Владимир Путин, во неговото последно обраќање. Зеленски на руски јазик директно му се обрати на Путин, повикувајќи го да почне преговори со неговата влада.
– Сакам да му се обратам на рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш. Борби се водат на целата територија на Украина. Да седнеме да разговараме и да го запреме крвопролевањето – рече Зеленски.

Во меѓувреме ЕУ се подготвува да ги замрзне средствата на рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров како дел од третата рунда санкции против Русија, пишува „Фајненшл тајмс“.

Министрите за надворешни работи на ЕУ попладнево планираат да одобрат нов пакет санкции, заедно со низата мерки против руските банки и индустрија.

На Путин и на Лавров нема да им се забрани да патуваат, пишува ФТ, нагласувајќи ја подготвеноста на ЕУ симболично да ги задржи отворени дипломатските можности за компромис.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО