3.3 C
Ohrid
Friday, February 3, 2023

Путин вели дека војските на САД никогаш не заминале по Втората светска војна

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин во средата рече дека американските трупи во Германија сè уште се окупаторски сили во правна смисла, но и во пракса, пишува Тасс.

– По Втората светска војна Германија беше поделена, како што знаете, на четири сектори: американски, британски, француски и советски. Така, Советскиот Сојуз го официјализираше крајот на тој окупациски статус, а САД не. И строго кажано, формално и во правна смисла, постојат американски окупациски сили кои се на територијата на Сојузна Република (Германија). И тоа е она што всушност се случува: ги има многу таму – рече Путин на средба со студенти.

Според претседателот, „самите германски политичари велат дека по Втората светска војна, Германија никогаш, во целосна смисла на зборот, не била суверена земја“.

– Ова не е она што јас го кажувам, тоа го кажуваат истакнати, сакам да го истакнам ова, не руско-ориентирани политичари, туку политичари ориентирани кон Германија, тие го кажуваат ова отворено. Тоа е директен говор. Многу од она што сега случува има длабоки корени, има одредени основи – додаде Путин.

Шефот на Русија ја спомна и Австрија.

– Советските трупи беа стационирани во Австрија, но тие доброволно заминаа..Русија како правен наследник на Советскиот Сојуз е гарант на уставот на Австриската Република и гарант на неутралноста на Австриската Република. Општо земено, многу обичните луѓе во Австрија се свесни за тоа и ѝ се благодарни на Русија за оваа позиција…Што се однесува до другите европски земји, ситуацијата е комплицирана – подвлече Путин.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР гарантира безбедно чествување на 4 февруари

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што наведува, лагите изнесени на еден портал дека за безбедноста во сабота ќе се грижат и...

Даниел Поповиќ откри која е Џули од познатата песна

Музичарот Даниел Поповиќ ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1983 година во Минхен со песната „Џули“. Освои високо четврто место и песната стана хит....

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...

Откако еден обожавател од публиката во текот на последниот концерт на Адел покажал фотографија од својата покојна сопруга, пејачката се расплакала и му ја...
spot_img
spot_img
spot_img