21.5 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Пукање во ноќен клуб во Сидар Рапидс

НАЈЧИТАНО

При пукање во преполн ноќен клуб во Сидар Рапидс во американската држава Ајова, две лица загинаа, а 10 се ранети, соопштија локалните власти.

Шефот на полицијата во градот, Вејн Џерман, изјави дека според истражителите, двајца мажи пукале од автоматско оружје во ноќен клуб околу 1:30 часот по локално време.

Како што тој појасни, полицајците, кои биле во близина поради друг инцидент, ги пронашле жртвите додека од 100 до 150 лица бегале.

Убиени се едно машко и едно женско лице, а еден од ранетите е во критична состојба.

Полицијата е во потрага по осомничените.

Шефот на полицијата истакна дека сè уште не е утврден мотивот за пукањето. Но, истражителите веруваат дека мета била една од жртвите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО