17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Професорот Узунов вели дека даночниот систем ни е хаос

НАЈЧИТАНО

Франкештајн-систем во кој не се знае кој што прави, а на крајот сиромашните плаќаат, а богатите се богатат. Вака во интервју за Макфакс универзитетскиот  професор Ванчо Узунов го опишува даночниот систем во Македонија. Тој смета дека владата е должна да ја намали даночната евазија „и точка“.

– Некој ќе рече, можеби е оправдано. Нема прашање, треба да ги решаваат сивата економија, даночната евазија и точка. Не може некој да плаќа, друг да не плаќа и точка – вели Узунов.

Узунов е за воведување прогресивен данок.

– Оние што треба да го поддржат први се плашат од тој данок, мислат дека и нив ќе ги фати. Тие што најмногу ќе бидат погодени, ако некогаш се воведе прогресивен данок, си ќутат и баш им е гајле, ги оставаат другите да зборуваат и да им ја вршат валканата работа – истакнува професорот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО