17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Протест и искинати маици пред домот лидерот на ГЕРБ

НАЈЧИТАНО

Поддржувачи на партијата ВМРО -БНД, предводени од партиските копретседатели Ангел Џамбазки и Александар Сиди, протестираа пред куќата на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во софиската населба Банки.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, од информациите на локалните медиуми, причината е одлуката на поранешниот премиер Бојко Борисов и неговата партија, која е главна опозициска сила во бугарското Народно собрание, да поднесат предлог-одлука за одобрување на преговарачката рамка предложена од француското претседателство за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Пратеници на ГЕРБ пристигнаа на протестот па дојде до расправија меѓу двата табора, по што имаше обвинувања за искинати маици и земање мобилни телефони.

Ангел Џамбазки праша како до вчера позицијата на ГЕРБ била непоколеблива, како што заедно ја разработувале за време на нивното заедничко владеење, и праша што се случува од синоќа?

-Што направи Скопје? Ништо. Овие луѓе ни се смеат, ни се потсмеваат – рече тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО