Протести во повеќе градови во Бразил

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Десетици илјади луѓе се собраа во Сао Паоло, во знак на протест против упадот на приврзаниците на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро во Конгресот.

Демонстрантите бараат негово апсење.

Во голем број градови и населени места на Бразил вчера се одржаа улични собири за поддршка на новиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, а бројот на присутни во Сао Паоло бил импресивен, јави „Би-Би-Си”.

Многумина дојдоа облечени во црвено – бојата на Работничката партија на Лула, други вееја транспаренти на кои пишуваше „Нема амнестија за пучистите” и повикаа да бидат казнети одговорните. Имаше и скандирања „Затвор за Болсонаро”, а собирот се одржа под силно полициско присуство.  

Новиот претседател заедно со гувернерите на земјата направи обиколка на објектите на државните институции оштетени во немирите, претседателската палата и Врховниот суд.

Притоа ги осуди „терористичките акти” и вети дека ќе ги казни сторителите.

Околу 1.500 луѓе беа приведени во нередите во неделата во главниот град на Бразил, седум дена откако претседателот Лула да Силва положи заклетва по поделените избори во октомври.

Болсонаро (67) не го призна поразот на тензичните избори и замина во САД пред да ја предаде функцијата на 1 јануари. Тој вчера беше примен во болница во Флорида поради болки во стомакот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Во земјотресот беа оштетени и Цитаделата во Алепо и други знаменитости во Сирија

Тврдината во Алепо и неколку други археолошки локалитети во Сирија се оштетени од земјотресот што ја погоди Турција како и таа земја, а во...

Суд во Москва денеска во отсуство осуди на 9 години затвор популарна руска авторка на книги и телевизиски емисии за за готвење, новинарка и...

Суд во Москва денеска во отсуство осуди на 9 години затвор популарна руска авторка на книги и телевизиски емисии за за готвење, новинарка и...

Основачот на Вагнер се јави од Сухој и го повика Зеленски на воздушен дуел

Основачот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, во понеделникот објави видео од себе во пилотската кабина на воен авион, предизвикувајќи го украинскиот претседател...

Moda

Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
spot_img
spot_img
spot_img