9.6 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Промоција на 22 романа на Божин Павловски

НАЈЧИТАНО

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Матица македонска, утре во 12 часот во мултимедијалниот културен центар Матица ексклузив во Скопје, ќе ја промовираат колекцијата од дваесет и два романа од академик Божин Павловски.

Со овој издавачки потфат се одбележуваат два јубилеи на авторот: 80 години од раѓањето и 60 години плодно творештво.

Романите на овој познат македонски писател се преведени на англиски, француски, грчки, албански, италијански, руски, турски, полски, чешки, словачки, шведски, словенечки, бугарски, српски и др.

За богатиот опус на Павловски и за неговата повеќедецениска општествена и културна мисија ќе говорат академик Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ, и Гоце Смилевски, наш врвен романсиер и есеист.

Академик Павловски е добитник на меѓународните признанија: Интербалканска награда за книжевност во Грција, Интернационална награда Екселзиор за унапредување на европската проза во Романија, Меѓународната награда Арка во Србија, како и двете признанија од времето на Југословенските Федерацијата: наградата Железара Сисак во Хрватска и наградата Младост во Србија.

Добитник е на националните награди: Рациновото признание, „Стале Попов“, Кочо Рацин и „Духовен воин“.

Во 2008 година му беше доделена највисоката државна награда 11 Октомври за животно дело во уметноста.

За неговото творештвото се објавени бројни есеи во повеќе земји, како и пет книги со критички-есеистички толкувања.

Во исто време со овој издавачки потфат на МАНУ и Матица, Грифин Прес во Австралија на англиски јазик, во редакција на Бредли Досон, ги објави романите на Павловски во печатена верзија, додека глобалниот издавач Киндл Букс ги презеде за дигиталниот пазар.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО