23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Произведувајте повеќе горива и намалете ги профитите

НАЈЧИТАНО

Претседателот на САД, Џо Бајден во писмо испратено денеска до американските нафтени компании повика на зголемено производство на бензин и дизел, критикувајќи ги дека прават профит во време на војна меѓу Русија и Украина, додека Американците се погодени од превисоките цени на бензинските станици.

– Тешкотијата во која семејствата се наоѓаат бара непосредна акција – напиша Бајден во писмото испратено до седум нафтени компании – „Marathon Petroleum“, „Valero Energy“, „ExxonMobil“, „Phillips 66“, „Chevron“, „BP“ и „Shell“.

– Вашите компании треба да се ангажираат со мојата администрација да се донесат конкретни, среднорорчни решенија за справување со кризата – им напиша Бајден.

Во САД, цените на горивата се рекордно високи и изнесуваат околу пет долари за галон во просек (eден галон е 4.54 литри). Ова претставува економски товар за голем дел од популацијата и политичка закана за демократите, партијата на претседателот, кои се подготвуваат за конгресите избори во ноември.

Исто така, инфлацијата што почна лани со опоравувањето на економијата на САД од пандемијата, во изминатите месеци не запира со растот откако цените на енергенсите и храната се зголемја по инвазијата на Русија на Украина при крајот на февруари, а тоа ги наруши глобалните пазари на суровини и храна.
Бајден во писмото напоменува дека во март, кога барел нафта чинел 120 долари, цената на горивата била 4.25 долари за галон, додека сега е поскапа за 75 центи, причинето од намаленото производство, со што профитите на компаниите „сега се на рекордно забележано ниво“.

Бајден истакна дека рафинериите акумулираат капитал во несигурен период на војна. Тој објасни дека нафташите се алчни за профит а тоа предизвикува високи цени. За економистите ова контраверзна оценка, иако се смета дека е поврзано со угодување на електоратот.

– Без соменение, Владимир Путин е најодговорен за големата финансиска мака во која се наоѓаат американскиот народ и семејствата во САД. Но во време на војна што ги зголеми цените на горивата за 1.7 долари за галон, историски високите маргини на профит ја усложнуваат маката – напиша тој.

Претседателот испрати остра критика за она што тој смета деке е правење ќар во време на глобална криза која може да ја втурне Европа и останати делови од светот во светска рецесија. За време на говор во петокот тој изјави дека компанијата „ExxonMobil“, „годинава заработиле повеќе пари од Господ“. Компанијата одговори дека веќе почнала со инвестиции за зголемено производство на нафта.

Во писмото, претседателот рече дека администрацијата е спремна „да ги употреби сите рационални и соодветни алатки на федералната влада како и надлежностите за вонредни околности за да се зголеми капацитетот на рафинериите и производството во среден рок, и да се осигира секој регион од земјата да биде соодветно снабден“ со горива.

Се наведува и дека владата веќе испуштила нафта од американските стратешки резерви и ги зголеми стандардите за повеќе етанол но ниту една од тие мерки не придонесе намалени цени.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО