24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Продолжување на мерката: во Италија маските остануваат задолжителни на некои јавни места

НАЈЧИТАНО

Италија го продолжува задолжителното носење маски во јавниот превоз, болниците и домовите за стари лица до крајот на септември, изјави денеска италијанскиот државен секретар за здравство Андреа Коста. Се очекува владата во среда да донесе соодветна уредба во врска со ова, пренесува австриската новинска агенција АПА.

Заштитните маски повеќе нема да мора да се носат во кина, театри и спортски настани во затворени простории. Со ова, Италија ќе ги отстрани речиси сите ограничувања поврзани со пандемијата на коронавирус.
Во среда истекува и мерката задолжителна вакцинација за граѓаните над 50 години и задолжителната мерка за вакцинација на училишниот персонал и воениот персонал. Мерката се уште останува на сила за здравствените работници. Италија во јануари воведе задолжителна вакцинација за одредени групи. Сепак, 3,3 милиони Италијанци на возраст над 50 години, или 12 отсто, остануваат невакцинирани.

Известување за казна поради непочитување на обврската од сто евра добија 1,2 милиони невакцинирани Италијанци. Многу противници на вакцинацијата веќе поднесоа жалба на казната, според АПА.

На 1 јуни, Италија го укина условот на ДСП за влез во земјата, кој остана задолжителен само за посети на здравствени установи и домови за стари лица.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО