14.3 C
Ohrid
Friday, October 7, 2022

Продолжуваат протестите против францускиот предлог

НАЈЧИТАНО

По дводневна пауза, вечерва во Скопје продолжуваат протестите против францускиот предлог.

Граѓаните се собираат пред Владата од каде ќе маршираат кон Министерството за правда и кон Собранието на Македонија.

Граѓани со развиорени македонски знамиња и со маички на кои е напишано „НЕ“, како и „Навиваме за Македонија“, се дел од учесниците на протестот против францускиот предлог што вечерва почна пред Владата.

На булеварот Илинден сѐ уште стои паролата „Но пасаран“ испишана со црвени букви, а група млади луѓе со тапани го скандираат името „Македонија“. Може да се забележат и транспаренти „Сепак ние ќе победиме“ и „Стоп за бугаризација“, но главниот и најголем е „Со фашисти не преговараме“.

Според најавите, предвидено е обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, веднаш по почетокот на протестниот марш.

Протестот против францускиот предлог, под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“, се одржува седми ден.

Oрганизаторот ги повика граѓаните да ги развиорат македонските знамиња на терасите.

„Масовно, мирно и достоинствено да протестираме, народот да е последната брана против нечесната игра која ќе направи насилна бугаризација на народот и на Македонија. Да кажеме ‘Не’ на ултиматумот“, повика организаторот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО