15.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

Проблем на граница поради обувките на Констракта

НАЈЧИТАНО

Ана Ѓуриќ Констракта вчера беше испратена во Торино, Италија, каде што ќе ја претставува Србија на Евровизија, а пред тоа добила боросани кои за потребите на нејзиниот настап биле испорачани директно од Хрватска.

Познатите обувки ги донел хрватскиот режисер Зринко Огреста, а при преминувањето на границата, цариникот побарал да види што има во кутијата.

Кога Зринко му објаснил дека ѝ носи боросани на Констракта, цариникот само се насмеал и му посакал среќен пат, пренесува српски „Телеграф џетсет“.

Режисерот ѝ ги доставил боросаните на водителката на РТС Сандра Перовиќ, а таа со насмевка позирала додека ги држела в раце.

Констракта вчера замина за Торино, а на испраќањето се појавила во внимателно осмислен стајлинг.

Уметницата која пее за проблемот во здравствениот систем и која привлече внимание со својот необичен стајлинг и изведба, се одлучи за симболичен лекарски бел костум.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО