8.9 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Пријателот на Путин: Путин сака да преговара за решение на војната

НАЈЧИТАНО

Договорот меѓу Киев и Москва за деблокирање на украинскиот извоз на жито може да го отвори патот за можно примирје, изјави во средата поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, пријател на рускиот претседател Владимир Путин.

Првиот брод со жито од почетокот на руската инвазија на Украина во вторникот успешно пристигна на турскиот брег, а ќе биде прегледан во среда.

„Добрата вест е дека Кремљ сака преговарачко решение“, изјави Шредер за неделникот Стерн и телевизијата RTL/ntv во средата по средбата со Путин во Москва минатата недела.

„Првиот успех е договорот за извоз, можеби ова полека може да се прошири и на примирјето“, рече поранешниот лидер на германските социјалдемократи, канцелар од 1998 до 2005 година, кој ја критикуваше војната во Украина, но одби да го осуди Путин.

Во меѓувреме, Москва ги обвини Соединетите Држави дека се директно вклучени во војната, не само преку испораки на оружје, наведува Ројтерс.

Руското Министерство за одбрана тврди дека изјавите за британски Телеграф на Вадим Скибицки, украински воен разузнавач, покажуваат дека Вашингтон е дел од конфликтот.

Скибицки за британските медиуми изјави дека американските и украинските разузнавачи се консултираат пред нападот и дека Вашингтон става вето на некои цели, но дека американските власти не даваат директни информации за целите.

„Сето ова јасно докажува дека Вашингтон, спротивно на тврдењата на Белата куќа и Пентагон, е директно вклучен во конфликтот во Украина“, соопшти во вторникот руското Министерство за одбрана.

„Владата на Бајден е директно одговорна за сите ракетни напади, овластени во Киев, врз станбени области и цивилна инфраструктура во населените делови на Донбас и други региони кои резултираа со масовни цивилни жртви“.

Вашингтон сè уште не одговорил на овие обвинувања, но Пентагон ги отфрли тврдењата на Москва дека уништила шест американски ракетни системи ХИМАРС. Русија повторува дека го уништува ова оружје, но се уште не обезбеди докази за тоа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО