-1.1 C
Ohrid
Sunday, February 5, 2023

Притвор за насилникот од Неготино кој ја нападнал партнерката

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51 годишен жител од Неготино за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот извршил насилство и нанесол тешка телесна повреда против жена со која претходно живеел во вонбрачна заедница.

– На 2 август, по вербална расправија, осомничениот извршил семејно насилство врз жена со која претходно повеќе години живеел во вонбрачна заедница. Тој повеќе пати ја удирал со бокс во главата, а потоа ја турнал кон туш кабината во бањата. Оштетената паднала и се здобила со тешка телесна повреда од која западнала во коматозна состојба. По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје – информираат од ЈО.

Оттаму велат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци поднесол предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи оцени дека постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.​

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски присуствуваше на годинешниот молитвен појадок кој се одржа во Вашингтон. Молитвениот појадок е настан кој на едно место ги собира...

Спасовски е задоволен од достоинственото чествување на великанот Делчев

Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот...

Граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со основни функции која слично како и другите сметки ќе може да ја користат за плаќање...

Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила од јануари, граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со...
spot_img
spot_img
spot_img