25.9 C
Ohrid
Wednesday, July 6, 2022

Присуството на причји грип кај птици кои како домашни миленици се чувале во куќа во Злокуќани е откриено вчера и преземени се мерки за утврдување на патогеноста на вирусот во Ветеринарсниот институт, по што ќе се преземат потребните мерки

НАЈЧИТАНО

Присуството на причји грип кај птици кои како домашни миленици се чувале во куќа во Злокуќани е откриено вчера и преземени се мерки за утврдување на патогеноста на вирусот во Ветеринарсниот институт, по што ќе се преземат потребните мерки,  информира Агенцијата за храна и ветеринарство

Од Агенцијата најостро го осудуваат соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се наведува дека ништо не се прави околу сузбивањето на птичјиот грип.

„Најостро го осудуваме денешниот обид на политичката партија ВМРО ДПМНЕ преку соопштение непотребно да ја вознемири јавноста, бомбастично, квази стручно пласирајќи ја информацијата за појава на птичји грип во земјава и за наводното непреземање на мерки од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство“ се вели во реакцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Оттаму додаваат дека моментално се чекаат финалните резултати од дополнителните молекуларни тестирања на база на секвенционирање за утврдување на патогеноста на вирусот на авијарна инфлуенца H5N1, кои ги врши Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Согласно меѓународно пропишаните дијагностички протоколи на Институтот, со дополнителните тестирања треба да се утврди поттипот на вирусот.

„Присуството на вирусот H5N1 беше констатирано вчера попладне, по поставениот сомнеж на авијарна инфлуенца и Њукастелска болест кај живината, со лабораториско испитување на мостри од 2 угинати лебеди и 1 дива патка од станбениот комплекс Свети Јован во скопско Злокуќани. Мострите за лабораториско испитување до Факултетот за ветеринарна медицина доставени се од лице од комплексот во Злокуќани.По добиеното известување, од страна на официјални ветеринари на АХВ, навреме се преземени законски дефинираните мерки, а во комплексот, каде што како миленици на отворено се чувале лебеди, гуски и диви патки и 18 кокошки во кафези, се спроведуваат мерки за заловување и депопулација на птиците. Мострите од заловените птици ќе бидат лабораториски испитани на Ветеринарниот институт“ ,се наведува во реакцијата.

Денеска, како што информираат од Агенцијата,  Националниот центар за контрола на болести одржал состанок на кој се дефинираа идните активности кои ќе се преземат за ставање под контрола и искоренување на болеста.

Од АХВ апелираат одгледувачите на живина да бидат внимателни и да ја следат здравствената состојба на живината.

„Во текот на денот ќе биде донесено решение со кое ќе се дефинираат мерките кои ќе се спроведат во заштитната и зоната под надзор околу жариштето на болеста во скопско Злокуќани.Иако присуството на вирусот не е потврдено на фарма, туку кај птици кои се чувале на отворено, апелираме до одгледувачите, сигурносните мерки на фармите да ги подигнат на највисоко ниво и да ја следат здравствената состојба на живината. Состојбата со авијарна инфлуенца во светот, на дневна основа, АХВ ја следи преку порталот на Светската организација за здравствена организација на животните – ОИЕ и презема соодветни мерки“, се наведува во апелот.

Птичјиот грип е зооноза и од неа, првенствено заболуваат птиците, но, можно е да заболат и луѓето кои подолго време имале контакт со заболена живина. Болеста може да предизвика големи економски загуби во живинарството, а кај птиците кои се чуваат како миленичиња и дивите птици, птичјиот грип предизвикува висока стапка на смртност.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО