17.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Принцот со искрена, но шокантна изјава

НАЈЧИТАНО

Принцот Хари и Меган Маркл често се под лупа на медиумите, најмногу поради нивното откажување од кралските титули и врски со членовите на кралското семејство и заминувањето за Америка.

Овој пат Хари ги налути Британците со своето кратко интервју во кое беше повеќе од искрен.

– Знаете, домот за мене во моментов е Америка. Така се чувствувам. Бевме пречекани со раширени раце во Санта Барбара и таму имаме фантастична заедница – беше искрен Хари.

Тој истакнал дека најверојатно ќе ја пропушти прославата на јубилејот на кралицата Елизабета Втора што ќе се одржи во Лондон во јуни, но додал дека со својата баба има посебен однос.

– Нејзината смисла за хумор и нејзината способност да гледа хумор во толку многу различни нешта. Имаме навистина посебен однос. Зборуваме за работи за кои таа не може да разговара со никој друг, така што тоа е ослободувачко за неа. Но, мислам дека … По одредени години, родендените ви стануваат здодевни – рекол принцот.

Тој вешто го избегнал прашањето дали му недостасуваат принцот Чарлс и Вилијам, па раскажувал за своите планови.

– Сега сум фокусиран на ова натпреварување (игрите Инвиктус, чиј основач е тој) и на ова семејство и давам сѐ што можам, 120 отсто од себе, за да се уверам дека тие ќе го имаат искуството од својот живот. Тоа е мојот фокус овде. И кога ќе заминам одовде (од Холандија), се враќам и го префрлувам фокусот на моето семејство, кое сега многу ми недостасува – завршил Хари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО