17.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Принцот се соблече гол до појас и покажа вишок килограми

НАЈЧИТАНО

Иако е во прашање маж, ова е сензација на ниво кога славна актерка или пејачка со телеобјектив ќе биде уловена топлес, па озборувачките медиуми ќе полудат по фотографии. Имено, овој пат на мета бил принцот Хари, папараците го фотографирале гол во петокот на поло натпревар. Поточно полугол. Коментари како во приказната.

 

 

„Хари ќе мора да внимава на сите тие бурито и чипс од гвакамоли“. На оваа возраст се таложат килограмите“, пишува еден од илјадниците коментатори на „Дејли мејл“, чии читатели, како што знаете, не ги сакаат многу Меган и Хари.

 

– Време е за пушап градник „вондербра“ – советува друг, кој алудира на  популарна марка на градници што ги креваат градите.

„Дали Маркл го натера да дои, за последен удар за неговата машкост?“, прашал трет.

Заедливите и навредливи забелешки се нижат, а само неколку се осврнуваат на вистинската тема – фактот дека тој и неговата сопруга Меган и децата Арчи и Лилибет нема да се појават на балконот на Бакингемската палата на 2 јуни, на врвот на прославата на 70-годишнината од владеењето на кралицата.

Таа одлука се подготвувала, како што забележале во „Дејли мејл“, токму за роденденот на неговиот син Арчи, додека тој се занимавал со поло, омилениот спорт, на теренот во Санта Барбара.

 

Хари, кој интензивно тренирал со колегите, во еден момент ја кренал маицата за да може некој од неговите помошници да му го намачка на грбот, веројатно со некаков крем за сончање од силното калифорниско сонце. А добил помош и при пресоблекувањето, покажувајќи го градниот кош.

Принцот неодамна се приклучи на поло тимот „Лос Падрес“. Клубот го води неговиот пријател Начо Фигуерас, аргентински модел и играч наречен „Дејвид Бекам на полото“. Тој за медиумите изјави дека сите се возбудени поради доаѓањето на Хари во клубот.

– Преку посебна платформа што ја дизајниравме, го користиме спортот за да ја подигнеме свеста за потребата од помагање на добротворни организации. Хари ќе биде дел од овој тим – изјави Фигуерас.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО