15.9 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Прилепскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески-Кога излегов, возилото, „шкода кодиак“ беше во пламен

НАЈЧИТАНО

Прилепскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, на кому ноќеска, околу два часот по полноќ, пред семејниот дом му е опожарено возилото, а делумно и возилото на неговиот татко, изјави дека ова е атак врз него и бара МВР и институциите веднаш да го расчистат случајот.

Како што изјави Ристески, настанот се случил околу 1:45 часот по полноќ кога целото седумчлено семјество било дома. Истрчале по дојава од соседите и се слушнала експлозија.

– Кога излегов, возилото, „шкода кодиак“ беше во пламен. Веднаш ја повикавме противпожарната екипа. Зафатено беше и возилото на мојот татко, двете се непосредно пред семејната куќа. Брзата интервенција на противпожарната екипа не дозволи пожарот да ја зафати куќата. А имаше реална можност, зашто од пожарот зафатено беше дрвото. За мене ова е атак на мојот живот, на моето семејство. Сличен случај се случува вторпат. Пред четири години ми беше опожарена викенд куќата. Очигледно, по мојот впечатлив говор во Парламентот во петокот, некому му пречи тоа и доколку во текот на денот не се расчисти случајот, ќе сметам дека е директен напад кон мене и моето семејство – изјави Ристески.

Увид направија полицијата и јавен обвинител при основното јавно обвинителство во Прилеп. Од Обвинителството соопштуваат дека биле „подигнати траги од лице место кои ќе се вештачат со цел да се утврдат причините за инцидентот. Јавниот обвинител издаде и наредби за обезбедување евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО