16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Признанието „Успешни млади“ ќе биде поделено во неколку категории

НАЈЧИТАНО

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски објави јавен повик за признанието „Успешни млади“ за 2021 година. Повикот е отворен до 30 септември 2022 година.

– Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието „Успешни млади – велат од Кабинетот на претседателот.

Поделен е во осум категории најдобар/а  млад/а научник/чка во општествените науки; најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки; најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки; најдобар/а  млад/а  научник/чка во медицинските науки; најдобар/а млад/а иноватор/ка; млад талент (за ученици и ученички од средните училишта); признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост) и најдобар/а млад/а уметник/чка.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2021 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.

Пријавувањето е достапно на веб-страницата на претседателот на Република Северна Македонија на македонски јазик, албански јазик и  англиски јазик.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО