14.9 C
Ohrid
Thursday, September 29, 2022

Придњестровје е под контрола на непризнаен режим

НАЈЧИТАНО

Молдавија со помош на Обединетите Нации бара повлекување на руската армија од територијата на регионот Придњестровје, бидејќи сака да се најде мирно решение за конфликтот, изјави молдавската премиерка Наталија Гаврилица, јавува Нова.

– Молдавија ја користи платформата на ОН за да побара повлекување на руската армија од придњестровската територија на Молдавија и да привлече внимание на кршењето на човековите права во регионот, кои се под контрола на непризнаен режим. Поради присуството на овие теми во резолуциите на ОН, проблемот со конфликтот во Придњестровје е на агендата на светската заедница – рече Гаврилица на брифингот во понеделникот.

Според неа, Кишињев сака да најде мирно решение за конфликтот, што ќе овозможи развој на земјата за доброто на сите граѓани, пренесе агенцијата РИА Новости.

Генералното собрание на ОН во јуни 2018 година ја повика Русија да ги повлече своите војници од Придњестровје, пренесува Танјуг. Резолуцијата беше поддржана од 64 држави, 14 беа против, а други 83 земји беа воздржани. Претходно, претседателката на Молдавија, Маја Санда, во неколку наврати повика на повлекување на руската армија, која ги чуваше складиштата за муниција во Придњестровје.

Придњестровје, во кое 60 отсто од населението се Руси и Украинци, бараше отцепување од Молдавија уште пред распадот на СССР, плашејќи се дека Молдавија ќе се приклучи на Романија на бранот на национализам, наведува агенцијата.

Во 1992 година, по неуспешниот обид на молдавските власти да го решат проблемот со сила, Приднестровје практично стана територија која не е контролирана од Кишињев, додава руската агенција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО