23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Приведен маж кој го запалил центарот „Иван Михајлов“ во Битола

НАЈЧИТАНО

Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена со кривично-правниот настан пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот профил на Фејсбук.

„Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода“, напиша Спасовски.
Уште еднаш, подвлекува министерот, покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот.

„И во овој сегмент нема ‘пардон’, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!“, порача Спасовски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО