17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Претставници на германската безбедносна агенција покренале истрага за видео-разговор меѓу градоначалничката на Берлин, Франциска Гифи и лице кое се претставило како граданоначалникот на Киев, Виталиј Кличко

НАЈЧИТАНО

Претставници на германската безбедносна агенција покренале истрага за видео-разговор меѓу градоначалничката на Берлин, Франциска Гифи и лице кое се претставило како граданоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Разговорот се случил вчера, а завршил 15 минути подоцна, кога градоначалничката се посомневала дека навистина разговара со градоначалникот на Киев.

Според портпаролката на Гифи, Лиза Фрихс, првите 15 минути од разговорот меѓу градоначалникот на Берлин и измамникот биле целосно незабележителни.

– Наводниот г-дин Кличко праша како работиме со многуте украински бегалци, како се справуваме со тоа, кои се бројките – сосема нормален разговор, како што очекувавме – рече таа за видеоповикот, кој беше планиран денови однапред.

Сомнежите на Гифи се појавија кога лицето сакаше да зборува за Украинците кои „се обидуваат да добијат социјални бенефиции во Берлин“, рече Фрихс.

– И имаше барање да преземеме активности преку властите за да ги поддржиме младите мажи кои се враќаат во Украина да се борат – додаде портпаролката на градоначалникот, јавува Дојче веле.

Повик добил и градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида. Сепак, тој го веднаш го прекинал разговорот со наводниот Кличко, бидејќи брзо се посомневал во измама.

И виенскиот градоначалник Мајкл Лудвиг минатата недела доби лажен повик од наводниот Виталиј Кличко. Тој самиот го објави ова минатата недела на Твитер.

Истрага побарал и вистинскиот градоначалник на Киев, Виталиј Кличко.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО