2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Унгарија, Андраш Клаин

НАЈЧИТАНО

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Унгарија во Република Северна Македонија, Андраш Клаин.

На церемонијата на предавање на акредитивни писма, претседателот Пендаровски изрази задоволство од долгогодишната успешна соработка во духот на цврстото пријателство и традиционалното партнерство, додавајќи дека двете земји ги поврзува и заедничката визија за мир, стабилност и просперитет, како во регионот на Западен Балкан, така и на европскиот континент.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за целокупната континуирана поддршка која Унгарија ѝ ја пружа на Северна Македонија во насока на остварување на европската стратешка цел. „Сега, кога Северна Македонија е во активна фаза на пристапниот процес за членство во Унијата, уверен сум дека унгарската поддршка ќе добие на дополнителен интензитет“, истакна претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски, го потенцираше унгарскиот придонес во контекст на почетоците на мигрантската криза на т.н. западно-балканска рута во насока на обезбедување и заштита на македонската јужна граница и изрази благодарност што до денес, речиси 1800 унгарски полициски службеници зедоа учество во заедничкото справување со предизвиците на илегалната миграција.

Новоименуваниот амбасадор Клаин истакна дека унгарската влада останува цврста во поддршката за интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, честитајќи го стартот на преговорите на Република Северна Македонија. Тој додаде дека билатералните односи изобилуваат со примери на соработка.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Андраш Клаин му посака успешно извршување на значајната дипломатска мисија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО