23.1 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Претседателот оствари неколку средби на маргините на Конференцијата

НАЈЧИТАНО

Претседателот Стево Пендаровски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со Бернард Емие, директорот на француската генерална дирекција за надворешна безбедност ДГСЕ.

-Разговаравме за нашиот придонес како НАТО членка кон регионалната стабилност и за актуелните безбедносни предизвици во поширокиот регион – напиша Пендаровски на својот Фејсбук-профил.

Покрај со Емие, претседателот Пендаровски се сретна и со главниот извршен директор на Jigsaw, Џаред Коен. Двајцата соговорници дискутирале за примената на технолошките решенија во справување со глобалните предизвици, како и за тоа дека дигитализацијата е неопходна за забрзан развој и претставува стратешки приоритет во наредната деценија.

На средбата со Томас Гомар, директорот на Францускиот институт за меѓународни односи (ИФРИ), Пендаровски напиша на ФБ дека имал можност одблиску да се запознае со приоритетите на актуелното француско претседавање со ЕУ, со акцент на проширувањето со Западниот Балкан, како и со активностите поврзани со Конференцијата за иднината на Европа – процеси во кои учествуваат и експерти од реномираниот тинк-тенк Ifri – Institut français des relations internationales.

– Ме радуваат низата иницијативи преземени од Франција кои се насочени кон зајакнување на нејзиниот ангажман на Западниот Балкан, вклучително и најавениот Самит ЕУ – ЗБ во јуни годинава – напиша на Фејсбук претседателот Пендаровски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО