16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Претпладне сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

НАЈЧИТАНО

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје и околината ќе сончево со мала облачност, а доцна попладне и во вечерните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе достигне до 37 степени.

Утре уште околу пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Потоа во следните денови ќе преовладува сончево време, со изолирана појава на нестабилна облачност, пороен дожд и грмежи во попладневните часови.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО