1.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Премиерот ќе се сретне во 15 часот со опозицискиот лидер

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски денеска ќе одржи средба со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

„Во рамки на широката консултација која започна да се реализира веднаш по добивањето на европскиот предлог, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во текот на утрешниот ден ќе ја одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство“, соопшти Владата.

Во соопштението се потсетува дека по добивањето на предлогот од француското претседателство, премиерот Ковачевски одржал консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите.

„Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија“, се нагласува во соопштението.

Средбата, како што потврдија владини извори за МИА ќе се одржи во 15 часот во Клуб на пратеници.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

ЕУ е стратешки приоритет на Владата, реформските процеси ќе се интензивираат

Европската Унија е стратешки приоритет на Владата. Владеењето на правото ќе остане во фокусот на институциите за брз напредок во преговорите. Вицепремиерката Славица Грковска во...

МВР – Извадок на дел од дневните настани 30.01.2023

На 29.01.2023 во 19.20 часот на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Џ.П.(40) од Прилеп. Тој...

Најмалку 28 загинаа, а 150 се повредени во Пакистан

Најмалку 28 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во експлозија во џамија во пакистанскиот град Пешавар. Експлозијата се случи кога џамијата беше...
spot_img
spot_img
spot_img