16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Премиерот прогнозира најкризен период по Втората светска војна

НАЈЧИТАНО

Премиерот Димитар Ковачевски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не чека тешка година, односно најкризна после Втората Светска војна.

Тој додава дека има енергетска криза, војна, ковид-19, како и зголемување на цените.

– Не очекува исклучително тешка година, ова е година која е најкризна после Втората светска војна. Време е уште на инфлуенцата со ковид-19, период на енергетска криза којашто практично започна при крајот на минатата година, а доби на интензитет на почетокот на годината, и дополнително – војната во Украина, односно воената агресија на Русија врз Украина – вели Ковачевски.

Според него, тоа дополнително ги влошило условите на светскиот, економскиот и нашиот пазар со зголемување на цените.

Најавената блокада на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ во услови на најголемата светска криза е грозоморно, истакна премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

– Оној кој мисли само на својот личен рејтинг и кој мисли само кога ќе бидат наредните избори не е лидер. Лидери се оние луѓе кои носат одлуки и кои решаваат прашања што ги афектираат идните генерации и благосостојбата на граѓаните, како и справувањето со најголемите проблеми со кои тие се соочуваат – рече премиерот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО