2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Премиерот Ковачевски: Буџетот и денарот се стабилни, државните резерви се на највисоко ниво

НАЈЧИТАНО

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во интервју за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ посочи дека Буџетот е стабилен и ликвиден и во полна кондиција да ги финансира сите обврски во однос на програмите за финансиска поддршка на граѓаните и стопанството.

„При конципирањето на Буџетот за 2022, беа намалени непродуктивните трошоци во буџетските ставки за сметка на обезбедување дополнителни средства заради справување со економската криза за која знаевме дека во 2022 година ќе ја има и заради тоа успеавме да ја одржиме ликвидноста на компаниите во енергетскиот сектор“, истакна премиерот Ковачевски, акцентирајќи дека при конципирањето на Буџетот за годинава се одвоени резерви за справување со кризата во посебна програма, која сѐ уште постои во Буџетот.

Премиерот Ковачевски потврди и повтори дека Владата е во постојана комуникација со Народната банка на Република Северна Македонија и нема никакви стравувања во однос на стабилноста на денарот и дека државните резерви се на највисоко ниво и согласно висината на државните резерви стабилен е и денарот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО