25.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Предупредување од Меѓународната агенција за енергетика до ЕУ

НАЈЧИТАНО

Европската Унија треба да се подготви за тоа дека Русија во текот на претстојната зима целосно ќе ѝ ги прекине испораките на гас, предупреди шефот на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) Фатих Бирол.

-Европа би требало да биде подготвена за случајот дотокот на рускиот гас да биде целосно прекинат. Колку повеќе се приближуваме до зимата, подобро ги разбираме намерите на Русија. Верувам дека прекините се насочени кон поткопување на можноста Европа да ги наполни складиштата и за зголемување на влијанието на Русија во зимските месеци – рече Бирол.

Европските земји се обидуваат да ги наполнат складиштата пред зимата, а Германија се надева дека до ноември ќе наполни 90 отсто од капацитетите. Нејзините складишта моментално се полни 50 отсто.

Државите на ЕУ се обидуваат да ја намалат зависноста од руските фосилни горива, набавувајќи гас од други земји, пред сè од САД.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО