2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Преговорите почнаа во Истанбул, им се обрати Ердоган пред преговарачите

НАЈЧИТАНО

Денеска е 34-ти ден од руската инвазија на Украина. Преговарачите од Украина и Русија во Истанбул ќе одржат нова рунда разговори за воспоставување прекин на огнот.

8:51 Ердоган им се обраќа на преговарачите

 

Пред почетокот на преговорите пред делегатите се обрати турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Според „Гардијан“, Ердоган рече дека се надева оти средбата ќе биде од корист за двете земји и дека фер мир нема да има губитници. Тој повика на итен прекин на огнот.

8:41 Што се знае досега за руските воени жртви во Украина?

BBC Russian се обиде да открие колку жртви навистина има Русија во инвазијата на Украина.

„Досега беше предизвик да се одреди точниот број на жртви меѓу руските војници, а украинската и руската влада даваат многу различни проценки“, пишува Би-Би-Си, додавајќи дека тие спровеле длабинска истрага што им дала повеќе информации за руските жртви.

8:30 Објавени нови податоци за руските воени загуби

Министерството за одбрана на Украина објави нови податоци за руските воени загуби од почетокот на инвазијата на 24 февруари.

Украина тврди дека досега загинале 17.200 руски војници. Украинското Министерство за одбрана соопшти дека во изминатите 34 дена од инвазијата се уништени 597 руски тенкови, 1.710 оклопни борбени возила, 303 артилериски системи, 54 противвоздушни системи, 127 авиони и 129 хеликоптери.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО