15.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

Прв случај во Кина на птичји грип H3N8 кај луѓе

НАЈЧИТАНО

Кина соопшти дека го открила првиот случај на птичји грип H3N8 кај луѓето, но здравствените власти велат дека ризикот од пренесување од човек на човек е низок. Познато е дека вирусот H3N8 заразува коњи, кучиња и фоки, но не е откриен кај луѓето.

Кинеското Министерство за здравство соопшти дека четиригодишно момче, кое живее во централната провинција Хенан, било позитивно на сојот H3N8.

Тој беше хоспитализиран на почетокот на април со треска и други симптоми на грип.

Семејството на заразеното момче одгледува кокошки и живее во област населена со диви патки.

Момчето наводно било заразено директно од птици.

Од Министерството за здравство додаваат дека ризикот од зараза од големи размери е релативно мал.

Сепак, надлежните апелираат до луѓето да не им приоѓаат на мртвите или болните птици и да одат на лекар во случај на треска или респираторни симптоми.

Случаите на пренесување на птичји грип меѓу луѓето се исклучително ретки.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО