17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Прво интервју на Кирил Петков по падот на бугарската влада

НАЈЧИТАНО

Заткулисните игри ги покажаа сите нијанси и нивната застапеност во Собранието. Ваков е коментарот на бугарскиот премиер Кирил Петков неколку часа по изгласувањето недоверба на неговата влада.

Тој во интервју за бугарската ТВ Нова рече дека во Собранието немало ниту еден човек кој гласал против Владата, а кој можел сам да одлучува врз основа на сопственото верување во она што е исправно.

– Се слушна како велат од различни пратенички групи: ‘Сега притиснете да, сега притиснете не’. Го слушнав во салата. Борисов ѝ наредил на цела ГЕРБ. Тој денеска рече ‘Ви давам 59 луѓе’. Како да се овци. Не ги прашал што мислат. Сите овие 59 се зависни од еден човек кој не е во Парламентот. На ИТН – човекот кој излегува од темна соба, со гола глава и зборува како икона на злото. Дељан Пеевски, кој се појави само да притисне ‘не’. Мислам дека човекот од позадина е Ахмед Доган. Таму имаа и јасна наредба. Ниту еден од овие луѓе не е слободен да носи свои одлуки. За Трифонов би кажал дека е историја, никогаш повеќе нема да има можност да направи политички проект и да лаже толку луѓе. Следуваат избори и народот пак ќе гласа. И за Слави ќе кажам довидување – истакна Петков.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО