20.9 C
Ohrid
Tuesday, May 17, 2022

Првите посетители стапнаа на најдолгиот висечки мост во светот (ВИДЕО)

НАЈЧИТАНО

Страв и адреналин беа дел од чувствата на првите посетители по стапнувањето на најдолгиот висечки мост во светот, кој се протега над планинска долина во Чешка.

– Дојдовме овде затоа што го сакаме адреналинот – рече планинарката Михаела Клестилова кога се приближуваше до мостот долг 721 метар, кој виси 95 метри над земјата на неговата највисока точка и беше отворен во петокот.

Мостот го доби името Скај Бриџ 721 (Sky Bridge 721), а изградбата, чија вредност е 200 милиони куни, траеше две години.

– За мене ова е одличен поглед – рече Михал Хофирек, првиот посетител на мостот.

Се наоѓа на повеќе од 1.100 метри надморска височина и поврзува два планински сртови на североистокот на земјата, на 200 километри од Прага и во близина на границата со Полска.

Тој е подолг од мостот Арока во Португалија, кој е 516 метри, а претходно важеше за најдолг висечки мост.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО