5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

Прва победа на македонските ракометари по три порази

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Македонската ракометна репрезентација со победа ги почна настапите во Президент купот на Светското првенство 2023. Попладнево во Плоцк совладан е Алжир со 40:25.

Ова беше прв натпревар за „црвено-жолтите” во Групата-2 за пласман од 25 – 32. место.

По трите убедливи порази во Ф-групата, избраниците на селекторот Кирил Лазаров, денес одиграа добар натпревар без оглед на противникот кој не е на ниво на Норвешка, Холандија или Аргентина. Кај македонските ракометари видлива беше желбата за добар резултат и одлучноста да се покаже дека во овој тим сепак има потенцијал за повисок дострел.

Најефикасни во победничкиот состав со по седум голови беа Дејан Манасков и Жарко Пешевски.

Во вториот меч од оваа група од 18 часот се среќаваат Тунис и Мароко.

Денешниот распоред на Мундијалот 2023 Полска/Шведска ги содржи натпреварите од Главната групна фаза играат:

Катар – Холандија 30:32

САД – Бахреин 27:32

Египет – Белгија (18:00)

Германија – Аргентина (18:00)

Данска – Хрватска (20:30)

Норвешка – Србија (20:30).

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Тепачка меѓу власта и опозицијата во Српското Собрание, Вучиќ мртов ладен ги гледаше

Тотален хаос во српското Собрание следеше во попладневниот дел од расправата, кога пратениците од опозицијата, пред сѐ Двери и Заветник, се упатија кон претседателот...

Што го испишмани Бесими да го поништи покачувањето од 30 отсто?

Дали се во прашање законите или министерот за финансии и владата се повлекоа од најавата дека ќе им ги зголемат платите на вработените во...

РАБОТНА ПОСЕТА НА ХРВАТСКАТА АМБАСАДОРКА НА ОПШТИНА ОХРИД

Денес во работна посета на Општина Охрид, престојуваше амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ. Во разговор со градоначалникот Пецаков, беа разгледани...
spot_img
spot_img
spot_img