16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Првата дама на САД во ненадејна посета на Украина

НАЈЧИТАНО

Првата дама на САД, Џил Бајден денеска престојуваше во ненајавена посета на западна Украина, каде што се сретна со сопругата на украинскиот претседател Олена Зеленски.

Џил Бајден пристигна од Словачка во Ужгород, што е на околу 10 минути возење од словачко село кое граничи со Украина.

– Сакав да дојдам на Денот на мајките – ѝ рекла Џил на Олена.

Според сопругата на американскиот претседател Џозеф Бајден, „важно е да му се покаже на украинскиот народ дека оваа војна мора да заврши и дека оваа војна е брутална и дека народот на САД е заедно со народот на Украина“.

Првата дама на Украина и се заблагодари на сопругата на американскиот претседател за нејзиниот, како што рече, „храбар чин“.

– Разбираме што е потребно за првата дама на САД да дојде овде за време на војната, кога секојдневно се извршуваат воени операции, каде што секој ден се вклучуваат воздушни сирени – истакна Олена Зеленски.

Средбата се случила откако првите две дами размениле пораки во изминатите недели, според наводите на американски официјални лица кои одбија да дадат дополнителни детали бидејќи не биле овластени да разговараат за приватната комуникација на дамите.

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО