7.6 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Пратениците ја опколија Биљали-Зендели, таа не дозволува процедурално обраќање

НАЈЧИТАНО

Онаму каде што синоќа заврши несогласувањето, таму денеска продолжи. На истата седница на Комисијата за европски прашања, чиј претседател Арбр Адеми вчера ја загуби контролата и започна да фрла со тврди предмети кон пратениците од опозицијата, денеска повторно можеше да се забележат нервозни лица.

Хаосот започна откако потпретседателката Арта Биљали-Зендели побара претставникот на владата да се произнесе за амандаман, а пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараа процедурално обраќање. Откако Биљали-Зендели не дозволи процедурално обраќање, пратениците од опозицијата започнаа со рацете да удираат по масите.

Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ застана пред бирото на Биљали-Зендели, а по неа дојдоа и другите пратеници од опозицијата.

– Воопшто не ме исплашивте! Ако сакате дојдете сите овде, нека гледа народот! – рече Биљали-Зендели.

На тоа пратениците возвратија:

„Никој не сака да те заплаши. Ние само бараме да дадеш процедурално“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО