1.8 C
Ohrid
Saturday, January 28, 2023

Пратениците сѐ уште не ги изгласаа законските измени за повратот на ДДВ

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Од први јануари како што вети владата, наместо 1.800 денари, на сметка на корисниците на МојДДВ за три месеци ќе легнуваат по 2.100 денари, сепак законските измени кој веќе се во собраниска процедура, сѐ уште не се изгласани од страна на пратениците.

Од УЈП објаснуваат дека откако ќе се донесат законските измени, апликацијата ќе се ажурира, а зголемениот износ на поврат ќе започне да се пресметува од првото тримесечје од 2023 година, кој ќе се исплаќа кај граѓаните во мај оваа година.

Инаку, Предлог на закон за изменување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка, беше десета точка на вчерашната 99 седница на Собранието, но пратениците не се изјаснија по ова прашање, бидејќи немаше кворум за работа, па седницата беше прекината.
Проектот кој стапи на сила на 1 јули 2019 имаше за цел, граѓаните да ги стави во функција на инспектори и тие да пријавуваат компании кои не издаваат фискални сметки и на тој начин да се сузбие сивата економија. Од УЈП велат дека близу 5 илјади пријави за неиздавање на фискални сметки или пак издавање на компјутерски сметки кои не се фискални пристигнале на адреса на УЈП. Но, со какви санкции се соочиле фирмите и колку тоа помогнало за да се намали сивата економија информација нема. Според последните проценки сивата економија во Македонија се движи од 20 до скоро 40% од БДП.

Фискални скенираат над 500 илјади граѓани. Досега над 80 милиони евра се вратени кај граѓаните преку овој проект.

За да ја соберете сумата од 1.800 денари поврат, треба да потрошите околу 100 илјади денари за три месеци, што би значело по близу 500 евра месечно во зависност од купените добра. Сепак, фискална сметка во вредност над 30 илјади денари нема можност да се скенира, лимитот е поставен со цел повратот да не оди кај поимотните граѓани.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Близок соработник на Путин тврди дека исчезнатата јахта Ирина ВУ не е негова

Канцеларијата за односи со јавноста на Алишера Усманов во петокот извести дека Усманов не е сопственик на јахтата Ирина ВУ, која е под меѓународни...

Почина наградуваниот босански актер Саша Петровиќ, глумеше во „Луд, збунет, нормален“, „Аудиција“, „Ничија земја“…

Актерот Александар Саша Петровиќ почина на 62-годишна возраст, а режисерот Срѓан Вулетиќ ја соопшти тажната вест.На 62-годишна возраст почина актерот Александар Саша Петровиќ од...

Околу 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите

Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина...
spot_img
spot_img
spot_img