5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е именуван за амбасадор во Црна Гора, поради што прекинува неговиот пратенички мандат

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е именуван за амбасадор во Црна Гора, поради што прекинува неговиот пратенички мандат. Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Државната изборна комисија (ДИК) денеска се очекува да констатира дека Даниела Стојановска – Пановска, професорка во средно училиште, е следна од листата на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 3, и треба да го замени Рамчиловиќ.

Според информациите од Собранието, се очекува 99. пленарна седница да продолжи по добивањето на информацијата од ДИК за новиот пратеник.

На дневен ред на оваа седница меѓу точките е ратификацијата на Договорот меѓу Република Северна Македонија и ЕУ за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) во земјава, што претпладево помина на собраниските Законодавно-правна и Комисијата за надворешна политика.

Во рамки на денешната пленарна седница, меѓу другите, се и Предлогот одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА” во Босна и Херцеговина (мај 2023 година до ноември 2023 година), Предлог-законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, Предлог законот за изменување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка, како и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Тепачка меѓу власта и опозицијата во Српското Собрание, Вучиќ мртов ладен ги гледаше

Тотален хаос во српското Собрание следеше во попладневниот дел од расправата, кога пратениците од опозицијата, пред сѐ Двери и Заветник, се упатија кон претседателот...

Што го испишмани Бесими да го поништи покачувањето од 30 отсто?

Дали се во прашање законите или министерот за финансии и владата се повлекоа од најавата дека ќе им ги зголемат платите на вработените во...

РАБОТНА ПОСЕТА НА ХРВАТСКАТА АМБАСАДОРКА НА ОПШТИНА ОХРИД

Денес во работна посета на Општина Охрид, престојуваше амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ. Во разговор со градоначалникот Пецаков, беа разгледани...
spot_img
spot_img
spot_img