Православните денес го празнуваат Богојавление Водици,Бог се јави!

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Денеска е Водици или Богојавление, еден од најголемите христијански празници. На овој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан.

Со овој празник му се дава значење на крштевањето, како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.

Значењето на празникот

На Богојавление завршуваат не само дванаесетте т.н. некрстени денови, туку и циклусот зимски празнувања, во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други.
Свети Јован Крстител со своето учење одел пред Исус, што значи му претходел на Исус и затоа е наречен Претеча. Свети Јован го повикувал народот на покајание и му кажувал дека е дојдено времето кога ќе се појави Спасителот на Светот. Притоа луѓето ги крштевал со вода и им кажувал дека тој што ќе дојде по него ќе ги крсти со Свет Дух.

„Јас ве крштевам со вода; но иде посилен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни ременчињата на обувките Негови. Он ќе ве крстеи со Дух Свети и со оган.“ (Лука, 3/16)

Празникот се празнува два дена – првиот ден е 19 јануари и се нарекува Машки Водици, додека вториот ден, 20 јануари, е наречен Женски Водици. Во минатото во Скопје постоел обичај за време на овие денови зетовците и машките деца-првенци, како и невестите и женските деца-првенци, да бидат капени во реката Вардар и попрскувани со светена вода од страна на поп.

Денеска во сите населени места во Македонија традиционално свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема водена површина, а луѓето скокаат по крстот. Се смета дека тој што ќе го фати крстот од водата ќе има исклучителна среќа во годината.

Голем собир во Балканскиот Ерусалим

Најмасовно и најспектакуларно е фрлањето на крстот во водите на Охридското Езеро. Градот Балкански Ерусалим е подготвен за големиот празник, а се очекува топлото време да привлече многу гости од земјата, но и од странство.

Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен во 10 часот од градското пристаниште, но доколку временските услови се непогодни, односно според најавите, ако дува силен ветар, чинот на осветување ќе се врши од бродот „Армада“.

Богослужбите во охридските парохиски цркви почнуваат во 7 часот наутро. По чинот на Богојавленскиот водосвет, со почеток во 12 часот, на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма со концерт на групата „Чалгија саунд систем“. Црвен крст Охрид ќе ја одржи традиционалната крводарителска акција во центарот за култура „Григор Прличев“.

Чествувањата и обичаите поврзани со Водици во Охрид ќе продолжат и следниот ден, на 20 јануари на Денот на рибарите и празникот Свети Јован Крстител. Уникатната манифестација со традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста Сараиште и ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини.

Во Охрид годинава ќе бидат и премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Во Скопје по крстот 130 верници

Околу 130 верници се пријавени за фаќање на светиот крст, кој утре околу пладне ќе биде положен во реката Вардар во Скопје.

Како што информираат за МИА од МПЦ-ОА – Скопска епархија, сите пријавени се полнолетни и се проверени на спортска медицина, а некои учесници се спортисти.

Во 9 часот ќе почне архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во која ќе учествува и архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан. Литургијата ќе заврши околу 11 часот, а потоа ќе следи голем освет на водите во припратата на црквата.

Околу 11:15-11:20 часот, архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода”. Таму веднаш ќе почне церемонијата Водици, каде архиепископот ќе го положи крстот во реката Вардар околу 12 часот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Гори меѓу Миладиновци и ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во...

Ковачевски: Очекувам Бугарија да ги пронајде вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img