18.2 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

По Џордан, тој е единствениот кошаркар кој заработил толку

НАЈЧИТАНО

Ѕвездата на НБА лигашот Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс стана милијардер и прв активен кошаркар кому тоа му успеало, објави престижниот магазин Форбс.

Единствениот друг кошаркар, кој може да се пофали со титулата милијардер е Мајкл Џордан, чие богатство достигна една милијарда во 2014 година, речиси една деценија откако се повлече од професионалната кошарка.

Леброн Џејмс лани заработил 121.2 милиони долари со што вредноста на неговиот имот е проценета на повеќе од една милијарда долари.

Настапувајќи во кариерата за ЛА Лејкерс, Кливленд и Мајами, 37-годишниот Џејмс досега заработи 385 милиони долари, а најголемиот дел од своето богатство го стекна надвор од кошаркарските терени, од спонзорства и други деловни проекти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО