2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

По повлекувањето на обвинителката Фатиме Фетаи, од трката за шеф на Вишото обвинителство во Скопје се повлече и вториот кандидат, Бурим Рустеми

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

По повлекувањето на обвинителката Фатиме Фетаи, од трката за шеф на Вишото обвинителство во Скопје се повлече и вториот кандидат, Бурим Рустеми. Со тоа, сега има само еден кандидат. Тоа е актуелниот претседател Мустафа Хајрулаи. Тој го водеше ова обвинителство во последните четири години, а пред една недела беше назначен за вршител на должноста. Своето повлекување Рустеми го објасни со малите шанси за победа.

Обвинителот Бурим Рустеми е од Куманово, во кое основно обвинителство работеше од 2009 до 2015 година. Беше дел од СЈО, а го застапуваше предметот „Топлик“. Рустеми беше обвинуван дека заедно со Драги Рашковски принудувал вработена во Министерството за транспорт и врски, да преработи документ каде ќе наведе дека имало штета во предметот.

Мустафа Хајрулахи по 6 години искуство од скопското Основно обвинителство во 2018 година доби унапредување во Вишото скопско обвинителство, и покрај конкуренција од 10 обвинители со поголемо искуство.

Во изминатите четири години, Хајрулахи беше ретко споменуван во јавноста. Еден од ретките случаи беше во 2021 година, кога се откри дека Вишото јавно обвинителство на Скопје го држи предметот за првостепено осудените Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ на казни затвор и од ноември 2020 година не и го даваше на Скопска апелација. Од тогаш до сега, Хајрулахи имаше и едно јавно интервју каде зборуваше за своите успеси и потенцираше дека за четворица обвинители утврдил дека ги одолговлекуваат постапките и побарал одговорност.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Како популарниот Чет-бот би го решил спорот меѓу Македонија и Бугарија?

Македонци ѝ поставија прашање на интернет платформата Чет-ГПТ(Chat GPT), оперирана од најсофистигирана програма за вештачка интелигенција, како да се реши спорот меѓу Бугарија и Македонија. ChatGPT (Chat...

Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат пред Владата

Асоцијацијата за цистична фиброза на 4 февруари (сабота) пред Влада со почеток во 12:00 часот ќе одржи протест. – Борбата продолжува со надеж дека ќе...

Шојгу најави реформа со нови 350.000 војници

Реформа со која Русија треба до 2026 година да регрутира нови 350.000 војници најави Кремљ, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја оправда...
spot_img
spot_img
spot_img