2.9 C
Ohrid
Sunday, January 29, 2023

По пауза од една година во Ниш е извршена трансплантација на бубрег

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

По пауза од една година во Ниш е извршена трансплантација на бубрег
На Клиниката за кардиохирургија на Универзитетскиот центар Ниш е извршена првата трансплантација на бубрег по пауза од една година поради пандемијата на коронавирус.

Директорот на таа здравствена установа Драган Милиќ на социјалните мрежи објави дека операцијата е направена благодарение на тоа што таткото (61) му донирал бубрег на својот син (36).

„Душан беше на дијализа пред трансплантацијата, а вредноста на неговиот креатинин беше дури 1.220, додека нормалната вредност беше до 115. На отпуштање од клиниката, креатининот падна на речиси нормални 125 за само пет дена по трансплантацијата. “ изјави Милииќ.

Посочи дека пациентот по завршувањето на постоперативниот тек ќе води нормален живот, без дијализа.

Милиќ истакна дека во трансплантацијата учествувале тим од дури 40 луѓе – лекари, медицински сестри и помошен персонал.

Тој апелираше до сите граѓани да ја поддржат програмата за трансплантација, за да им се помогне на „илјадници пациенти“ кои чекаат орган.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(Видео) Дали некогаш сте виделе ваква несреќа во теретана? Сите се собраа околу неа и ја следеа акцијата за спасување

Косата на девојчето се заплетка во апаратот додека вежбала, а спасувачката акција траела десет минути. На социјалните мрежи кружи видео од чудна несреќа снимена во...

Грчки дравјанин починал вчера во казино во Гевгелија

Грчки дравјанин починал вчера во казино во Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи. „Околу 15.20 часот вчера во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека...

Путин е отворен за контакти со германскиот канцелар Олаф Шолц, иако нема закажано телефонски разговор со него

Рускиот претседател Владимир Путин е отворен за контакти со германскиот канцелар Олаф Шолц, иако нема закажано телефонски разговор со него, изјави денеска портпаролот на...
spot_img
spot_img
spot_img