More

    Поштенските услуги од 1 февруари поскапуваат во просек за околу 7 отсто, но кај некои пратки и до 15 отсто

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    - Advertisement -

    Поштенските услуги од 1 февруари поскапуваат во просек за околу 7 отсто, но кај некои пратки и до 15 отсто. Пошта го објави новиот ценовник според кој поскапуваат стандардните поштенски услуги во внатрешниот сообраќај.

    За стандардното писмо до 50 грама ќе се наплаќаат 36 денари, досега се наплаќаше 26 денари за обична пратка. Новата цена за препорачано писмо е 90 денари, а за вредносно обично писмо 126 денари.

    Кај нестандардното писмо со тежина од 100 грама до 2 килограми цените сразмерно растат. Така за писмо со тежина до 100 грама цената се зголемува од 34 денари на 48 денари, ако се испраќа како обична пошра. за препорачана пошта се наплаќа 102 денари, а за вредносното писмо до 100 грама ќе чини 138 денари. За писмата кои тежат до 1 килограм, од 1 февруари пошта ќе наплаќа по 128 денари ако е обична пратка, 182 денари за препорачана, а за вредносна пратка 218 денари.

    За најтешките писма до 2 килограми ќе се наплаќаат 176 денари за обична пратка 230 денари за препорачана, а за вредносно писмо со оваа тежина ќе се наплаќа 266 денари.

    На цената на вредносните писма се додава и цена по вредност и тоа 3 отсто за пратки со вредност до 10.000 денари и над оваа вредност се наплаќаат плус 300 денари.

    Зголемена е цената на поштенската картичка (стандардна и нестандардна) од 9 на 16 денари.

    Нови цени има и кај услугите за мали и големи пакети, кај печатените пратки како и диткетните пратки.

    Со новиот ценовник се  укинува цената од првата зона за испраќање пакети и ќе важат само цените од втората зона, а цените на поштенските пратки традиционално се ослободени од плаќање ДДВ.

    Новиот ценовник на Пошта е одобрен од Агенцијата за пошти.

    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција, јави агенцијата Анадолија. Девојчето од сириско потекло било спасено од...

    Бројот на загинатите расте, борбата по преживеани не запира

    Бројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија вчера надмина 6.200 луѓе и се очекува да продолжи да расте, додека пристигнуваат спасувачки тимови и меѓународна...

    Прашања и одговори за крипто-средствата

    Прашања и одговори за крипто-средствата Што се крипто-средства? Како изгледаат крипто-средствата? Кои се разликите меѓу крипто-средствата и суверените валути (пари)? Дали централните банки издаваат дигитални валути? Каква е улогата...

    Moda

    Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

    Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

    Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

    Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

    Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

    Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
    spot_img
    spot_img
    spot_img