13.3 C
Ohrid
Monday, October 3, 2022

Почнува исплатата на помошта за повозрасните граѓани

НАЈЧИТАНО

За повеќе од 330 илјади пензионери мартовската пензија ќе биде повисока за 1.000 денари со што се реализира договорената директна интервентна финансиска помош која со истата сума ќе биде вклучена и во април и мај.

– Со ова усогласување, со интервентната финансиска помош, како и со новиот модел за континуиран раст на пензиите, кој ќе започне да се применува со септемвриската пензија, пензионерите оваа година ќе имаат вкупно годишно зголемување во 2022 година од над 10.000 денари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на РСМ – велат од  Владата.

Мартовските пензии преку мрежата банкомати ќе бидат достапни од 29 март, а готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе исплаќаат во четири групи според висината на пензијата, и тоа за пензии со висина до 11.000 денари на 29 март (вторник), за пензии со висина 11.001-14.000 денари на 30 март (среда), за пензии со висина 14.001-18.000 денари, на 31 март (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата ќе се врши на 01.04.2022 година (петок).

Финансиската поддршка, како и зголемувањето на пензиите според новата методологија, ќе бидат исплатени од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со што, како што нагласуваат од Владата, се потврдува неговата стабилност како резултат на добрите економски политики на Владата и на успешното менаџирање на Фондот и креираните резерви.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО